Back to Top

За курсот

decorative line

Овој курс е наменет за студентската публика и за сите оние чие секојдневие е исполнето со компјутери, смартфони и таблети. Ќе биде полезен за секој што користи социјални мрежи, електронската пошта, следи вести онлајн, или, едноставно, бара информации на интернет.

dashboard

Структура на курсот

decorative line

Овој курс го објаснува поимот на информатичка безбедност, која е навистина важна за обичните корисници. Во него се опишани главните закани во дигиталниот простор и основните методи за спротивставување на тие закани. Три чекори за успешно совладување на курсот:

1

Запознајте се со теорискиот материјал

Тој претставува интерактивна збирка на приемчиви, јасни и понекогаш анимирани, информации за заштитата на сопствениот компјутер и на личните податоци во контекстот на современите кибер-закани и кибер-ризици.

2

Изработете ги предложените вежби

Во овој курс има многу практични задачи – тие ќе Ви помогнат да се извежбате за решавање на сосема реални ситуации, без да нанесете штети на сопствениот компјутер или смартфон.

3

Поминете го тестот и добијте сертификат

Сертификатот за завршениот курс е потврда за Вашата подготвеност да примените ги примените новите знаења од областа на кибер-безбедноста во дигиталниот простор, кој воопшто не е имун на хакерски напади.

Теми на курсот

decorative line
details image

Основни грешки на корисниците

Во овој модул ќе научите:

  • Дека можете да го минимизирате ризикот да станете цел на измамници додека сте на интернет
  • Како престапниците добиваат пристап до нашите лични податоци, лаптопи и мобилни уреди
  • Какви последици може да имаат кибер-нападите врз корисниците
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ
details image

Безбедно користење на мобилните телефони

Во овој модул ќе научите:

  • Кои се заканите по мобилните уреди
  • Каква штета може да предизвика непочитувањето на безбедносните правила за користење смартфон
  • Кои препораки треба да се почитуваат за да го заштитите мобилниот уред од престапници
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ
details image

Безбедно користење на компјутерите

Во овој модул ќе научите:

  • Од што се предизвикани појавата и ширењето на компјутерскиот криминал
  • Каква штета може да предизвика непочитувањето на безбедносните правила за работење на компјутер
  • Кои препораки треба да се почитуваат за да се заштитите од хакерски напади
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ
details image

Безбедно користење на електронската пошта

Во овој модул ќе научите:

  • Што ја прави електронската пошта привлечна за престапниците
  • Какви напади може да дојдат преку електронската пошта
  • Кои мерки треба да се преземат за да се заштитат сандачето и е-писмата
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ
details image

Безбедност на социјалните мрежи

Во овој модул ќе научите:

  • Кои лични информации на корисниците може да се најдат на социјалните мрежи
  • Зошто доаѓа до истекување на податоци
  • Како да се постават мерки за приватност
  • Што треба да се избегнува при користењето на социјалните мрежи
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ
details image

Безбедно користење на интернетот

Во овој модул ќе научите:

  • Зошто мора многу да внимаваме на безбедноста при користењето на интернет мрежата
  • Каква штета може да нанесе непочитувањето на безбедносните правила за користење на интернет ресурсите
  • Кои препораки треба да се почитуваат за да се заштитите од напади од интернет-престапници
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ
details image

Типови малвер (штетни програми)

Во овој модул ќе научите:

  • Зошто мора многу да внимаваме на заштитата на нашите компјутери и мобилни уреди од опасни програми
  • Какви видови програми создаваат хакерите и каква штета можат да нанесат
  • Кои препораки треба да ги почитувате за навремено да ги препознавате опасните програми и да се заштитите од хакерски напади
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ
details image

Лажни вести

Во овој модул ќе научите:

  • Што се лажните вести и кои се нивните видови
  • Кои се изворите и каналите на ширење на лажните вести
  • Како да проверите некоја информација и да ги препознаете манипулациите поврзани со неа
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ
details image

Основни правила за заштита на информациите

Во овој дел ќе ги научите правилата поврзани со различните аспекти на заштитата на податоците:

  • Физичка безбедност
  • Користење лозинки
  • Правење резервни копии (бекап)
  • Користење лиценцирани софтвери, антивируси и фајерволи
  • Користење на социјалните мрежи
  • Познавање на механизмите за заштита од можните опасности и закани
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ
details image

Како да се постапи ако сте во незавидна ситуација

Во овој дел ќе научите како да се однесувате во следниве ситуации:

  • Хакирана сметка
  • Компјутер заразен со вируси
  • Податоците од банкарската картичка стигнале кај престапник
  • Електронскиот уред или личните податоци се украдени
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ

Дополнителна информација:

decorative line

Курсот е целосно бесплатен благодарение на грантот од CRDF Global, со финансиска поддршка од Стејт департментот на САД.

РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ

Овој курс ќе Ви овозможи:

  • Да научите кои се главните закани во дигиталниот простор и каква опасност носат
  • Да ги разберете последиците од успешно извршен напад од престапници
  • Да научите кои информации се главна цел на хакерите и зошто треба да ги заштитуваме
  • Да ги запомните основните препораки за заштитата на личните податоци, како и за безбедното користење електронски уреди и дигитални ресурси

Овој курс нема да предизвика:

  • Залудно да си го изгубите времето. Обуката трае само 60 минути.
  • Да се досадувате. Материјалот на овој курс е даден во многу едноставна форма – преку анимирани презентации и интерактивни вежби.
  • Да потрошите куп пари. Обуката и добивањето сертификат се потполно бесплатни.
  • Да останете рамнодушни. Во денешницава, прашањето на кибер-безбедноста е актуелно за секој човек.

Често поставувани прашања:

decorative line
  • Q

    Q – Што откако ќе се регистрирам?

  • A A – По регистрацијата во системот, на електронската пошта ќе добиете линк за активирање на Вашата сметка. Откако ќе притиснете на линкот, ќе може да влезете во системот и да почнете со курсот.
  • Q

    Q – Како да добиете сертификат?

  • A A – За да добиете сертификат, треба да ги поминете сите модули на курсот и да го поминете општиот тест. Откако ќе го положите тестот, ќе добиете сертификат.
  • Q

    Q – Што да правам ако се појави некој проблем?

  • A A – Ако се појави некој технички проблем, Ве молиме да се обратите на службата за поддршка на: [email protected].[email protected].
  • Q

    Q – Кому да се обратам ако најдам грешка или ако имам предлог за подобрување на курсот?

  • A A – Ако сакате да придонесете за подобрување на курсот, Ве молиме да ни пишете на: [email protected].[email protected].

Само дилетантите ги насочуваат своите напади кон машините. Професионалците ги насочуваат кон луѓето.

Брус Шнајдер, експерт по компјутерска безбедност
РЕГИСТРАЦИЈА